Возач на „пежо“ повреден во сообраќајка кај Романовце
24.09.2022 17:40
| Сузана Николиќ
На локалниот пат Куманово – Романовце, вчера во 10.35 часот на влезот во селото, патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(29) од Куманово, излетало од патот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.