Возач од Арачиново сакал да прегази полицајци во Никуштак
14.12.2022 10:50
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера околу 15 часот привеле 46-годишен жител на с.Арачиново, скопско, затоа што со товарно моторно возило се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија во селото Никуштак.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.