×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Возел со двојно поголема брзина од дозволената, полицијата го привела

    15.09.2025 16:48 | KumanovoNews

    Возач од Крива Паланка фатен додека управувал автомобил со двојно поголема брзина од дозвоената во населено место.

    Возел со двојно поголема брзина од дозволената, полицијата го привела

    Полициски службеници од  Крива Паланка вчера во 14 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај селото Гиновце, го привеле 25-годишниот Д.П. од Крива Паланка.

    При сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко возило „Форд Фокус“ со брзина од 105 километри на час во населено место, каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

    По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.