×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработен во Kатастар незаконски вршел промена на имот, ќе одговара за злоупотреба на службата

    17.07.2020 19:08 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.А.(58) од с.Режановце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

    Вработен во Kатастар незаконски вршел промена на имот, ќе одговара за злоупотреба на службата

    Како што соопштува МВР, пријавениот, вработен во Одделението за катастар на недвижности Куманово, на 22.02.2012 незаконски издал потврда за отстранување на техничка грешка во катастар на недвижности на две катастарски парцели во место викано „Суварија“, со вкупна површина од 10,148 метри, кои биле запишани во имотен лист бр.1 за КО Мгленце на име на „непознати“, а претходно од пописни листови сопственици биле А.Т. и Ј.Т..

    Откако ја издал потврдата, извршил промена и имотот од парцелите го запишал во имотен лист на С.С., Д.С., С.С., С.С. и С.С., сите од с.Ново Село, без правен основ за запишување, при што самиот ја извршил постапката до крај и изготвил службена белешка, во која не образложил на кој начин е правена споредбата на податоците од пописниот катастар со новиот премер.

    Со ова ги оштетил Ј.Т. и А.Т., како и нивните наследници, сите од с.Старо Нагоричане, за имот - шума од наведените катастарски парцели.