Вработен во Пазарна инспекција позитивен на коронавирус, ќе се затвори целото одделение
04.06.2020 12:07
| KumanovoNews
Инспектор од одделението на Државниот пазарен инспекторат во Куманово е позитивен на коронавирус, потврдија од Инспекторатот. Поради тоа целото оддление во Куманово ќе биде затворено.

„И инспекторите се луѓе. Денес веќе во Куманово ќе мора целокупното одделение да го затвориме, затоа што еден од вработените се покажал позитивен на КОВИД-19. Се што беше од наша страна направиме да ги заштитиме инспекторите и сите оние кои правилно ги почитуваат мерките и протоколите на Владата, - изјави Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат(ДПИ) на Македонија.