Вработена во обложувалница украла 32.200 денари од прометот
22.04.2025 20:45
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 37-годишна кумановка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

„ Во октомври 2024 г. додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената од дневниот пазар одзела 32.200 денари“, соопшти МВР.