×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработените во Центарот за култура донираа постелнина и средства за хигиена во Општата болница Куманово

    02.12.2020 12:19 | KumanovoNews

    Вработените од Центарот за култура во Куманово од сопствени средства донираа постелнина, средства за хигиена и друг потрошен материјал во Општата болница во Куманово.

    Вработените во Центарот за култура донираа постелнина и средства за хигиена во Општата болница Куманово

    Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура се надева дека со овој потег ќе ги поттикнат и останатите институции во градот да дадат свој придонес, секој во рамките на своите можности.

    „Одлучивме во овој тежок период за сите нас да помогнеме таму каде е најпотребно. Вработените од нашата установа собраа финансиски средства со кои купивме средства за хигиена, перници и чаршави и ги однесовме во Општата болница во Куманово. Сакаме да помогнеме и да ги поттикнеме и останатите установи во нашиот град да го направат истото, бидејќи во ова време нашето малку може да значи помош“, рече Тодоровски.

    Медицинските лица биле позитивно изненадени и секако благодарни на помошта која во секој случај им е добредојдена во ова време.