×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработени во кумановскиот и врањски „Водовод“ учат како да се справуваат со поплави

    16.05.2024 08:34 | Оливера Пешевска

    Тридневен тренинг за спречување и ублажување на последиците од поплави се одржува во Куманово, на кој присуствуваат вработените во ЈП „Водовод“ од Куманово и ЈП „Водовод“ од Врање. 

    Вработени во кумановскиот и врањски „Водовод“ учат како да се справуваат со поплави

    Обуката e организираna во рамки на проект за прекугранична соработка финансиран и поддржан од Европската унија.  На тренингот беа споделени искуства како поразвиени земји се справуваат со ризиците од поплави со цел тие да се применат и кај нас.

    „Треба стратешки пристап и на општините и на државата, се со цел да сме поодржливи во се, не само во справувањето со поплави и не само со управувањето со реките, со водните ресурси, се е поврзано. Македонија, генерално е потписник на повеќе декларации и конвенции, меѓутоа едно е да потпишете, треба и да спроведете. Директивата за поплави, директивата за води е нешто што е приоритет за Македонија во пристапувањето кон ЕУ во следните 5 или 10 години, тоа се активности кои мора да ги спроведеме“, истакна Методија Саздов, инженер по животна средина, кој 20 години работи на проекти од животна средина, управување со катастрофи и природни ресурси.

    Тој кажа дека државата речиси и да нема хидроулично моделирање на ниедно од речните корита, а мора да се знае кои се потенцијалните ризици кога ќе надојдат 50 или 100 годишни води, до каде може таа вода да стигне, дали само до земјоделските посеви или и до населените места. Втора работа е населението, односно подигнувањето на јавната свест во управувањето со реките, како и во прочистувањето на водите. Редовното инвестирање од страна на општините во водотеците од аспект на уредување на речно корито, мерки кои се евтини или бесплатни- биоинженеринг мерки кои се природни решенија врз кои државата или општините можат да направата активност со цел да превенираат или спречат поголеми штети при климатски фактори.

    Преку проектот се обезбедени 310 илјади евра за јавните претпријатија "Водовод“ од Куманово и Врање за набавка на специјализирани возила со  кои ќе ја зголемат ефикасноста на услугите, но и заштитата на животната средина.

    Водовод „Врање“ обезбедило комбинирана машина, која веќе е испорачана и се користи на одредени интервенции за кои е наменета.

    „Со оглед на климатските промени и на се поголемата потреба од превентивно делување во врска со атмосферските непогоди набавка на техничка опрема за ова намена е многу битна. Покрај оној дел на кадровска подготовка, превентивата подразбира и уредување на водотоците и изградба и одржување на атмосферската канализација“, потенцираше Горан Стојановиќ, технички директор на ЈП „Водовод“ Врање.

    Водовод Куманово е во процес на набавка на специјално возило, канал џет-цистерна под притисок која ќе служи за прочистување на атмосферска и фекална канализација. Таква цистерна во Куманово не е набавена од 1996 година.