Мени

Врачени благодарници од градоначалникот по повод Денот на градот

11.11.2025 13:42 | KumanovoNews

По повод 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово, денеска на свечената седница беа врачени благодарници и признанија од градоначалникот Максим Димитриевски, на повеќе физички лица, танцови и спортски клубови од Куманово, кои со својата работа дале придонес во развој на градот.

Врачени благодарници од градоначалникот по повод Денот на градот

Благодарници од градоначалникот добија: Зоран Арсовски - Бабата, академски сликар, проф-д-р. Аљимир Рушити, Иван Цветковски, промотор на духовно и културно наследство,  Танцов спортски клуб „Динамик“, Танцово студио „Виртус“, Бобан Стефановски, планинар, Спортски кик бокс клуб „Предатор“,  Фудбалски клуб „Башкими“ и Младински кошаркарски клуб „Куманово“. 

Во името на сите наградени се заблагодари Тања Китановска, која кажа дека е среќна што е препознаена нивната работа и љубовта со која  работат и вложуваат во заедницата.

„Благодарам што го слушнавте  и препознавте ехото кое го дадовме со нашата работа и со нашите активности. Овие благодарници се од градот и ги посветуваме на градот“, кажа Китановска.

Оваа година не се додели највисокото општинско признание – „11 Ноември“, поради тоа што сè уште не е конституиран новиот Совет и не е формирана Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на награди и признанија, која одлучува за добитниците. Оваа година имало 13 пријави за Ноемвриска награда.

Признанието од градоначалникот содржи благодарница и статуетка, но не и финансиска награда.