Времето денеска облачно и ветровито, со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде претежно облачно, во северните подрачја значително посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови.

Локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието, каде ќе достигнува брзина над 70 км/ч.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени.
Утре претпладне ќе преовладува променливо облачно време, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 70км/ч).
Потоа следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Особено топло се очекува во почетокот на следната седмица.