Втора фаза од прскање против комарци во Куманово
Општина Куманово во сабота ќе изврши втора терестичка дезинсекција на подрачјето на град Куманово, за уништување на возрасни форми на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени 200 хектари површина на локациите: површини по течение на реките Кумановка, Којнарка и Липковка и градскотo подрачје.
Третирањето на комарци треба да биде изведено во 1 часот наутро во сабота (27.6.2020), доколку дозволуваат временските услови. Ако временските услови се непогодни за вршење на деинсекција, тогаш истата ќе се спроведе утрдента или во некој од наредните денови.
За дезинсекцијата ќе се употреби средството KULFAK 50 EC во концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба.