Второ авионско прскање против возрасна форма на комарци во Куманово
Утре/ вторник/ од од 04:00 до 10:00 часот на територијата на Општината ќе се изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци.

„Третманот ќе се изврши на површина од 1.270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје и прочистителна станица JП„Водовод“ – с.Добрашане. При извршување на третманот ќе се користи препаратот „Aqua K-Othrine 2 EW“. Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, истиот ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни“, соопшти Општина Куманово.