Второто полугодие за сите ученици ќе почне на 21 јануари, кажа Царовска
13.11.2020 17:35
| KumanovoNews
Второто полугодие за сите ученици ќе почне на 21 јануари, согласно календарот на Бирото за развој на образоавнието, рече денеска во Битола министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Зимскиот распуст за учениците ќе почне согласно календарот објавен од Бирото за развој на образованието и ќе се реализира исто како и минатите години, односно во јануари. До 20 ноември ќе заврши првото тромесечие и ќе се формираат оценки, а до крајот на годината ќе заврши второто тромесечие. Второто полугодие за сите ученици ќе почне на 21 јануари“, кажа Царовска.