×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Хабитат“ ќе финансира изработка на ДУП на 20 хектари во месноста Стари Лозја

    29.02.2024 08:19 | Оливера Пешевска

    Месноста Стари Лозја, која се наоѓа спроти Спомен Костурницата во Куманово, ќе добие Детален урбанистички план (ДУП), кој ќе се финансира преку проектот „Домот е еднаквост“ на организацијата „Хабитат“. Со овој план треба да се решат основните урбанистички и инфраструктурни проблеми во населбата.

    „Хабитат“ ќе финансира изработка на ДУП на 20 хектари во месноста Стари Лозја

    „Ќе се нарача изработка на ДУП за секторите 8, 9 и 17, површина која опфаќа 21 хектари и се однесува на подобрување на станбените услови на 5 до 7 илјади жители. Урбанистичките и комуналните проблеми се очекува да се решат со  изработката на деталниот план, што е неопходност за да се обезбедат хумани услови за живот на локацијата Стари лозја“, истакна Ахмет Јашаревски, координатор на проектот од општинската администрација, по одржување на состанокот со претставниците од месните заедници, директно засегнати за урбанистичко решавање на отворените прашања во заедницата.

    Како целни точки се потенцирани изградба на водоводна и канализациона мрежа, улици и тротоари, како и улично осветлување, поставување на контејнери и расчистување на дивите депонии.

    Првично било планирано проектот да се реализира во месноста Османов рид, но поради тоа што по Генералниот урбанистички план таму е предвидена изградба на индустриски капацитети, сега средствата се пренасочуваат на локацијата Стари лозја.

    „Хабитат Македонија“ е дел од меѓународна невладина организација, а овој проект е дел од поголема петгодишна кампања во која, освен Куманово е вклучена и Општина Шуто Оризари. Долгогодишната соработка со Куманово се прави во обид за подигање на свеста на локалните власти за поголемо вклучување во донесување на политики и закони кои се однесуваат на подобрување на условите за домување, посебно на маргинализираните групи на граѓани и лица кои живеат во несоодветни услови.