×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За 15.379 ученици во Куманово заврши учебната година

    10.06.2020 10:48 | KumanovoNews

    За вкупно 15.379 ученици од основните и средни училишта во Куманово, денеска за првпат во вонредни услови, заврши учебната година, откако вратите за учениците беа затворени на 11 март, поради  ширењето на коронавирусот во земјата.

    За 15.379 ученици во Куманово заврши учебната година

     Од 16 општински основни училишта се 10.286 ученици , а девето одделение завршиле 1054 ученици. Од средните општински училишта учебната година ја завршија вкупно 5093, од кои четврта година завршуваат 1237 ученици.

    „Доделување на свидетелства за завршено основно образование и врачување дипломи и награди за ученици на генерација ќе се изврши на 15 јуни 2020 година, согласно мерките и препораките за заштита од корона вирусот со ограничување на лицата во просториите и обезбедување на заштитна опрема и средства. Доделување на свидетелства и награди за учениците од другите одделенија, допрва ќе биде утврдено. Доделување на свидетелства и дипломи за ученици на генерација за сите средношколци ќе се изврши во текот на месец јуни согласно мерките“, соопштуваат од Секторот за образование во Општина Куманово.

    Директорот на Техничкото училиште „Наце Буѓони„,  Драган Јаневски вели дека оваа година во нивното училиште завршиле вкупно 1965 ученици. На македонски јазик од прва, втора и трета година 684, а матурирале 257, додека пак на албански јазик во текот на трите години завршиле 815 ученици, а матурирале 257. Во наредната година се очекува да се запишат 714 ученици во 21 паралелка односно 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки на албански наставен јазик.

    „Наставата којашто овој ден требаше да се одржи во училниците, денес се завршува на потполно ист начин, но преку зум средби со учениците. Ние, искрено се надеваме дека иднината школска година ќе ја започнеме во училиштето, а не од дома“, вели директорот Јаневски.

    Во оваа учебна година, поголемиот дел од второ полугодие, воспитно-образовние процес на учениците, од клупите беше префрлен во домашни услови, преку најразлни онлајн алатки за спроведување на наставата.

    Откако на училишните врати за првпат беше ставен клуч за учениците, МОН во партнерство со УНИЦЕФ ја воспостави и националната образовна платформа eduino.gov.mk, на која можат да се најдат видеолекции снимени од страна на нивните професори. ТВ училницата,  секојдневно беше емитувата на каналните на Македонската радио телевизија.

    Согласно, препораките на Владата, Министерството за образование донесе одлука онлајн-наставата да продолжи до крајот на учебната година. Средношколците оваа година нема да полагаат матура, при уписот на факултетите ќе треба да поднесат само диплома за завршено средно образование.

    Воедно, оваа година за еден месец беше одложено и запишувањето на првооделенците во основните училишта, па наместо во мај, родителите своите деца ги запишуваат од 1 јуни до 30-ти.

    Роковите за упис на средношколците, не се менуваат, но остануваат невообичаените мерки во однос на претходните години, кога треба да се носи маски и да се одржува социјална дистанца. Првото пријавување и запишување на учениците е на 16 и 17 јуни, второто пријавување е на 24 и 25 јуни и третото на 29 јуни 2020 година.

    Бидејќи ширум светот наесен се најавува втор бран на вирусот, сѐ уште не е утврдено дали наставата оваа година ќе се врати во нормален тек или пак за првпат не само што ќе ја затвориме учебната година со онлајн настава, туку можеби и наредната ќе ја отвориме на ист начин.

    Од основните училишта оваа година 147 ученици се имаат отпишано во текот на годината, а од средното образованието 36.

     (Ф.Марковска)