За 4 часа казнети 90 возачи за брзо возење во кумановско
09.09.2022 09:57
| KumanovoNews
Засилени полициски контроли се спроведени на територијата на СВР Куманово вчера од 14 до 18 часот, заради откривање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.
При тоа санкционирани се вкупно 90 возачи, од кои 60 ја пречекориле пропишаната брзината во населено место, а останатите 30 пребрзо возеле надвор од градот. На сите нив подготвени им се соодветни поднесоци.
„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштуваат од МВР.
О.Пешевска

