За 5 часа казнети 31 возач за пребрзо возење
27.07.2021 18:22
| Сузана Николиќ
Полициските службеници од СВР Куманово, денеска од 7 до 11 часот, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

На територија на СВР Куманово санкционирани се 31 возач. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, .