Мени

За 5 часа откриени 25 возачи во алкохолизирана состојба

02.05.2022 12:32 | Сузана Николиќ

На подрачјето на СВР Куманово, вчера од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се санкционирани 25 прекршители на законот.

За 5 часа откриени 25 возачи во алкохолизирана состојба

„Најголемиот број од санкционираните возачи се на подрачјето на Куманово – 19, воКратово – четворица и двајца во Крива Паланка. За време на контролата биле санкционирани и седум останати прекршоци“, соопштува Кумановската полиција. 

Сите 25 возачи кои возеле под дејство на алкохол веднаш се исклучени од сообраќај и им се изготвени законски предвидените поднесоци.