За 6 часа казнети 63 возачи - возеле под дејство на алкохол
27.06.2021 14:01
| KumanovoNews
Вчера во периодот од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Куманово спроведена е контрола во сообраќајот, при што е констатирано дека 63 возачи управувале возило под дејство на алкохол.

„За сите прекршоци изречени се соодветни санкции. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбeдноста во сообраќајот“, соопштува МВР.