За 6 часа казнети 77 возачи за пребрзо возење на територијата на СВР Куманово
21.07.2021 19:23
| Сузана Николиќ
При полициска контрола денеска од 12 до 18 часот, казнети се 77 возачи за пребрзо возење.

Акцијата за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната спроведена е на територијата на СВР Куманово.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.