×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За четири часа продадени 4.000 карти за фестивалот Денови на комедија во Куманово

    24.09.2022 16:55 | Сузана Николиќ

    Кумановци и оваа година чекаат ред за да купат билети за Меѓународниот теaтарски фестивал Денови на комедија, кој ќе се одржи од 28 септември до 14 октомври во Куманово. 

    За четири часа продадени 4.000 карти за фестивалот Денови на комедија во Куманово

    Вчера, за четири часа беа продадени над 4000 билети на касата на Центарот за култура „Трајко Прокопиeв“ или околу 50 отсто од вкупниот број. Најголем интерес имаше за кумановската, српските и за хрватската претстава, кои се распродадени. 

    „Поради големиот интерес, оваа година одлучивме да го ограничиме купувањето на по два билета, по принципот прв дојден, прв услужен. Сметаме дека тоа е најправеден начин, поради тоа што изминатите години можеше да се купи неограничен број на билети и голем дел од публиката не успеваше да дојде на ред. Од наредната година, продажбата најверојатно ќе биде комбинирана, дел на билетарница, дел онлајн, за да ги задоволиме навиките на сите генeрации“, изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура.

    По најавата дека билетите ќе бидат пуштени во продажба во 12 часот, луѓе од сите возрасти вчера дојдоа дури два часа порано за да фатат ред. 

    „Не ми беше тешко да чекам. Знаев дека ќе биде гужва и психички се подговив. Вреди да се почека кога има убави претстави“, вели една кумановка. 

    На 25. издание на фестивалот Денови на комедија ќе се изведат 12 претстави од театрите од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска. Новина е што фестивалот од оваа година е со натпреварувачки карактер, па стручно жири ќе избира најдобра претства, актер, актерка, режија, сценографија и костимографија. 

    Фестивалот в среда ќе го отвори претставата „Приватни животи“ на Градски тетар од Винковци, Хрватска, а потоа следуваат Народен театр Штип со претставата „Власт“, Стендап комедија на Кумановски актери, Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп со претставата „Да, инспекторе“, Атеље 212 Белград со „Славна Флоренс“, Народен театар Битола, со „Малиџано“, Театар Тетово „Малограѓанска свадба“, Театар „Импресарио“ од Белград, „Повикај го М поради уживање“, Струмичкиот театар со претставата „Паника во хотел Палас“, Драмски театар од Ловеч, Бугарија, Приштински народен театар со „Сомнително лице“, Велешкиот таатар со претставата „Слуга на двајца господари“ и фестивалот ќе го затвори Кумановскит тетара со „Секс и лаги“.

    Наградата „Васил Иљовски“ за животно дело во областа на комедиографијата оваа година ја доби актерот Благоја Чоревски.