За една недела фатени 66 возачи без возачка дозвола во кумановско
Во Куманово за една недела се откриени 66 возачи без возачка дозвола. На ново на државата дури 691 возач.

„Од почетокот на изминатата седмица/30.јуни/ заклучно со вчерашниот ден /06 јули/ во рамки на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, дури 691 возачи во се санкционирани заради непоседување на возачка дозвола при управување возило, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Најголем број од овие прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола (136) и Струмица (125), најмалку на подрачјата секторите за внатрешни работи Штип (35) и Охрид (43). На подрачјето на СВР Скопје регистрирани се 72 вакви прекршочни санкции, СВР Тетово – 97, СВР Куманово -66 и СВР Велес со 54 прекршоци за непоседување на возачка дозвола.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за поголема безбедноста на патиштата, соопшти МВР.