За една недела откриени 29 пијани возачи и 35 без возачка дозвола
Поголем број на прекршувања на сообраќајните правила и прописи на кумановските улици регистрилала сообраќајната полиција во текот на изминатата недела.

„Во периодот од 16 до 23.09.2019, на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 64 возачи (29 возачи кои управувале под дејство на алохол и 35 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило), соопштуваат од МВР.
Од сообраќај се исклучени 24 возила, бидејќи биле нерегистрирани и четири поради техничка неисправност. Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престигнување и еден поради недавање првенство на пешаци, еден поради некористење сигурносен појас и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Во текот на изминатата недела издадени се 195 мандантни платни налози, 101 прекршочен платен налог, а 89 возила биле подигнати со специјално возило „пајак“.