ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПРИЈАВЕНИ 12 КРАЖБИ, 9 СЕ РАСЧИСТЕНИ
27.02.2021 09:20
| KumanovoNews
На подрачјето на СВР Куманово во текот на оваа недела биле извршени 12 тешки кражби, од кои девет се расчистени.

Како што соопштува полицијата се работи за 10 тешки кражби извршени во објекти, додека две биле извршени на дрзок начин.
„Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле шест лица поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата, а две лица ќе бидат дополнително приведени. Секторот за внатрешни работи Куманово презема засилени мерки и активности за расчистување и на други кривични дела“, - соопштуваат од МВР.