×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Собрани се 10.000 потписи за кандидатурата на Димитриевски, 4.500 се на кумановци

    29.02.2024 14:02 | Оливера Пешевска

     За кандидатурата на Максим Димитриевски за претседател на државата, досега во ДИК се потпишале 4.500 граѓаните на Куманово, од вкупно 10 илјади. 

    Собрани се 10.000 потписи за кандидатурата на Димитриевски, 4.500 се на кумановци

    „Околу 4,5 илјади кумановци се потпишале на кандидатската листа на Максим Димитриевски за претседателските избори, а останатите гласови се собрани во другите градови. Граѓаните можат да го поддржат нашиот кандидат и понатаму, листата останува отворена во општинските канцеларии на ДИК. Вашата доверба, поддршка и решителност со која застанавте зад кандидатот за претседател на Македонија од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, всушност не задолжува и мотивира да продолжиме понатаму со уште поголем интензитет“, кажа Стефан Петковски, портпарол на ЗНАМ Куманово.

     Тој додаде дека ќе поднесат листи и за парламетарните избори во сите изборни едници во државата, а во моментот се работи на докомплетирање на кандидатите за листите.