×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За подрумот и приземјето на „Кристал“ понудени 750.000 евра, за дел од хотел Куманово 333.000 евра, собранието на доверители ќе одлучува дали ќе се продадат

    25.01.2024 13:49 | Сузана Николиќ

    Заврши електронската аукција на дел од хотелите Кристал, Ку-ба и Куманово, кои се имот на АД „Бисерка“ во стечај.

    За подрумот и приземјето на „Кристал“ понудени 750.000 евра, за дел од хотел Куманово 333.000 евра, собранието на доверители ќе одлучува дали ќе се продадат

    Стечајниот управник Ацо Петров, вели дека за пакетот на хотел „Кристал“ највисоката понуда е 46,5 милиони денари или  84,24 проценти од проценетата вредност на имотот.

    "На продажба се ставени само подрумот и приземниот дел на хотелот, кои се пренесени на име на АД Бисерка, додека останатиот дел уште не е прокнижен иако има правосилна пресуда.

    За некогашниот хотел „Куманово“ достигна е цена од 20.5 милиони денари или 84 отсто од проценетиот имот. Во овој објект се продава само приземјето, бидејќи катот бил продатен од УЈП уште пред десетина години.

    За помошните простории на хотел Ку-Ба, кои некогаш се користеле како соблекувална на отворениот базен, највисоката понуда  е 2,6 милиони денари или 82 отсто од вредноста на имотот.

    Имаме квалитени понуди, кои треба да ги разгледа Собранието на доверители, кое дополнително ќе се закаже, по што ќе се знае конечната одлука за продажбата“, вели Петров за Кумановоњуз.

    Овој имот веќе еднаш бил на продажба, но понудата не била прифатлива за доврителите.

    Останатиот имот на Кристал и Ку-ба, ќе се продава дополнително.