За празниците казнети 285 кумановци - не носеле заштитни маски
04.05.2021 19:57
| KumanovoNews
Двеста осумдесет и пет граѓани на Куманово ќе платат парична казна затоа што не ја почитувале уредбата за носење на заштитна маска на јавен простор во изминати 4 дена.

Според статистиката на МВР за периодот (30.04/04.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 415 лица не ја почитувалe.
Во Куманово 285, во Крива Паланка 72 и во Кратово 58 лица. За сите ќе следуваат соодветни мерки.
За истиот период 17 лица не ја почитувале забраната за движење.