За викенд казнети 129 возачи, 88 возеле побрзо над дозволеното
05.06.2023 11:24
| KumanovoNews
Полициски службеници викендов спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 129 возачи од кои 88 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 22 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирано возило.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.