За викенд казнети 206 возачи во Куманово
Полициски службеници викендов спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 206 возачи.

Од нив 171 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 19 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола и 1 за нерегистрирано возило.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува СВР Куманово.