За време на полициски час пукал од возило во движење
19.05.2020 08:52
| KumanovoNews
Непознато лице синоќа пукало од возило во движење во близина на поранешен „ЧИК“.

Како што сопштуваат од МВР, околу 19.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Куманово едно лице, кое управувало патничко моторно возило со непознати регистарски ознаки, испукало три куршуми од огнено оружје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што биле пронајдени и подигнати три чаури.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.