×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За време на полициски час се возеле со автомобил низ градот и пукале од пиштол

    21.07.2020 14:21 | KumanovoNews

    Тројца куманоци го прекршиле полицискиот час и ја загрозиле безбедноста на граѓаните, поради што добиле пријави од МВР.

    За време на полициски час се возеле со автомобил низ градот и пукале од пиштол

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Г.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и против Е.И.(21) и Д.А.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

    На 18.05.2020, за време на забрана за движење - полициски час, пријавените се превезувале во патничко возило „голф“, движејќи се со голема брзина по бул.„Трета македонска ударна бригада“ кон ул.„ЈНА“ во Куманово, при што првопријавениот, како сопатник во возилото, преку отворен прозорец испукал четири проектили од огнено оружје непозната марка кон неколку куќи и со голема брзина заминале кон ул.„Благој Илиев Гуне“ во Куманово, при што го загрозиле животот на луѓето кои биле во дворовите.