×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зачестија пожарите на отворено во кумановско

    13.04.2021 06:28 | KumanovoNews

    Последната недела на повеќе локации во кумановско регистирани се дури 17 пожари на отворено.

    Зачестија пожарите на отворено во кумановско

    Според информацијата од Територијалната противпожарна единица, само во текот на вчерашниот ден нивни екипи интервенирале на 5 пожари и тоа во селата Доброшане, Биљановце и Скачковце, како и покрај автопатот Куманово-Скопје, во селото Дељадрвце. Најголем бил пожарот од т.н. Искрин мост до Добрешане, кој го гаснеле од 17.40 до 23.10 часот.

    Командирот на Деан Илиевски, вели дека имаат зголемен обем на работа иако не е вообичаено во овој период од годината да има толку пожари на отворено. Тој се сомнева дека станува збор за подметнати пожари за да изгори сувата трева и да изникне нова за испаша на добитокот.

    „Апелирам до граѓаните да се воздржат од палење на тревата, бидејќи со тоа предизвикува голема штета. Се уште не е почната сезоната на топло време, а ние имаме полни раце работа, дури 17 пожари за 7 дена“, вели Илиевски  

    Пожарникарите вчера интервенирале и при гаснење на запалено ѓубре на булеварот „Октомвриска Револуција“, како и на запалено патничко моторно возило на автопатот во атарот на Агино Село.


    (С.Н.)