×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Задружниот дом во село Пчиња ќе биде туристичко-промотивно биро на Бислимска клисура

    10.06.2021 11:58 | KumanovoNews

    Со проект преку Североисточниот плански регион (СИПР) ќе се реконструира задружниот дом во село Пчиња, кој потоа ќе се користи во туристички цели. Средствата се обезбедени преку проектот „Светлина од минатото“ за прекугранична соработка на Општина Куманово со Општина Дупница во Република Бугарија.

    Задружниот дом во село Пчиња ќе биде туристичко-промотивно биро на Бислимска клисура

    „Една од главните активностите на проектот е реконструкција и опремување на задружен дом во село Пчиња, објект од 200 м2 кој во моментов е руиниран, а кој треба да прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура. На приземјето ќе се сместат инфо центарот за посетители, мапи за движење низ клисурата, информации за туристички услуги кои се нудат, галериски простор за презентација на културно и природно наследство, продавница за сувенири и мини бар, додека на катот се наоѓаат 2 канцеларии - администритативен простор на објектот“, изјави  Младен Протиќ, директор на СИПР.

    Вкупниот износ на средствата за проектите во двете општини изнесува 458 илјади евра, а во Дупница ќе бидат употребени за реконструкција на музејот „Св.Димитриев - Марек“.

    Како дел од проектот ќе бидат организирани работилници за искористување на културното наследство за развој на туризмот, промоција на културното наследство на Бислимска Клисура и развој на виртуелна тура, обуки и дигитализација на културно-историските наследства на двете општини,  креирање на веб- страници базирани на музејски и археолошки локалитети, изработка на промотивни туристички спотови за Дупница и Куманово и др.

    Официјална промоцијата на проектот ќе се одржи утре во 13 часот во комплексот Грација.

    (С.Н.)