×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев: Борбата на сегашните генерации е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава

    11.10.2020 19:07 | KumanovoNews

    Патот на македонската држава е проследен со борба против сите форми на фашизам, репресии и неправда. Но, и со постојан стремеж за слобода, правда и еднаквост за сите чесни и добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност, водени од желба за подобар живот, -  кажа во своето обраќање премиерот Зоран Заев, на свеченоста по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ во Куманово.

    Заев: Борбата на сегашните генерации е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава

    - Денеска, стоиме тука во Куманово, во градот херој, горди, со кренати глави чувајќи го заветот на нашите државотворци. Поради храбрите борци на НОБ денес сите ние имаме патриотска должност да се обединиме во создавањето на едно праведно општество. Во темелот на македонската државност се вградени заложбите, напорите и саможртвата на  огромен број генерации. Генерации на борци кои не се штедеа себеси, ниту својата младост и своите животи, - додаде Заев.

    Нашиот повик, борбата на сегашните генерации, е да обезбедиме развиена, безбедна и силно меѓународно интегрирана држава, во која младите ќе имаат просперитетна иднина.

    Премиерот најави дека доаѓа време на ред, правда и дисциплина, бидејќи новата Влада започнала бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа.

    - Никој не е над законот. Кој не сака да го почитува законот, ќе се соочи со законот.Патот на правдата понекогаш знае да биде бавен, но покажавме дека знаеме и можеме да се движиме во таа насока. И од овој пат враќање нема! Kако Влада ќе бидеме партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт. Но, и на граѓанското општество, медиумите и групите од интерес, кои сакаат да придонесат кон градење на систем на правдата, што ќе им служи на граѓаните, додаде Заев.

    Затоа ги повика сите да се приклучат и да дадат свој придонес и белег, бидејќи во граѓаните гледа коректив, но и партнер.

    - Сега кога се соочуваме со најголемата светска криза во новиот век предизвикана од КОВИД-19, водиме битка и со една од најопасните појави на новото време – феноменот на лажните вести.  Појава која за жал некогаш е убиствена, колку и самиот вирус. Во таа насока ја повикувам опозицијата да ги напушти тесноградите партиски интереси и да покаже државничко однесување. Македонската државност е изнедрена од борбата за правда и еднаквост. На еднакви граѓани, кои заедно се посилни и можат да ги совладаат сите предизвици, - рече Заев.