Загина кумановец во сообраќајка на Страцин
29.08.2017 15:49
| KumanovoNews
Во тешка сообраќајна несреќа на магистраниот пак Куманово-Крива Паланка, попладнево загина 26-годишно момче од Куманово.

До несреќата дошло кога автомобил Опел корса со кумановски регистарски таблички, со кој управувал Д.С.(26) од Куманово излетал од патот во м.в. Чешмиче, во селото Страцин.
Од задобиените повреди на лице место починал возачот на автомобилот.