Загина тракторист во кривопаланечко
10.02.2021 10:58
| KumanovoNews
Педесет и петгодишен кривопаланчaнец загина откако со трактор излетал од патот.

Несреќата се случила вчера во 13 часот на регионалниот пат Крива Паланка-с.Огут, на место викано „Падини“, атар на с.Габар, кога М.Р.(55) од с.Габар, управувајќи трактор „ИМТ 533“, без регистарски ознаки, излетал од коловозот.
На местото на незгодата починал М.Р., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.