×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заложбите за поголема инклузија на лицата попреченост се преточуваат во конкретни проекти, кажа Шахпаска

    26.11.2020 10:30 | KumanovoNews

     Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.

    Заложбите за поголема инклузија на лицата попреченост се преточуваат во конкретни проекти, кажа Шахпаска

    На средбата се разговараше за активностите и проектите на ова здружение во насока на подобрување на  условите и можностите на лицата  со попреченост во општествениот живот  и меѓусебната соработка со Министерството  за труд и социјална политика.

    Како особено важни за процесот на поголема инклузија на лицата со попреченост беа посочени, воспоставувањето на Национален регистар на лица со попреченост, новиот Закон кој Министерството за труд и социјална политика сериозно го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост, социјалната услуга поддржано вработување  и Комисиите за функционална проценка на нивната работоспособност за да можат да бидат вклучени на пазарот на трудот.

     Личната асистенција е од особено значење на лицата со попреченост и во насока на подобар одговор на нивните потреби соговорниците се согласија дека потребно е намалување на возрасната граница на корисниците на оваа социјална услуга.

    Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за соработка и во иднина  со цел создавање на добар систем на градење приоритети кои се од клучно значење за лицата со попреченост.