02. 12. 2020 12:23

Занатскиот дом во Куманово обоен портокалово - да се спречи насилството врз жените и девојчињата

Занатскиот дом во Куманово обоен портокалово - да се спречи насилството врз жените и девојчињата

Со осветлување на Занатскиот дом во портокалова боја, Општина Куманово се приклучи на кампањата „Кажи Не на насилството врз жени и девојчиња".

Градоначалникот Максим Димитриевски, вели дека оваа борба зависи од сите нас, па затоа повика да се реагира на насилството и да се пријавува за да може да се смени ситуацијата.

„Кампањата трае 16 дена и има за цел да прати силна порака против насилството врз жените и девојчињата, со тоа што неколку знаменитости низ различни градови во државата ќе бидат осветлени во портокалова боја, како симбол за посветла иднина, без насилство врз жените и девојчињата.  Крајниот резултат на оваа борба зависи од сите нас. Затоа, да реагираме! Да пријавиме! Да менуваме!“, вели Димитриевски.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk