Запленети 3000 парчиња петарди
26.12.2014 11:54
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Р.(43) од Куманово, за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Во декември полициски службеници извршнле претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени 2.901 парче пиротехнички средства.