×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Запленети 36 килограми марихуана, приведени две лица од Куманово

    27.11.2020 15:01 | KumanovoNews

    Полицијата приведе две лица од Куманово на возраст од 59 и 52 години, поради пронајдена марихуана со вкупна тежина од 36 килограми. Тие се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор од 30 дена.

    Запленети 36 килограми марихуана, приведени две лица од Куманово

    Како што стои во соопштението на МВР, А.И. и З.М. наркотичните средства ги набавиле од Косово за да ги продавааат во Турција.

    „ На 4 ноември тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во Северна Македонија, а товарното возило во кое била марихуаната по насоки на А.И. било паркирано на договорена локација во Скопје. На 09.11.2020 З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопат Скопје-Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Од страна на полициски службеници од ЕНТД извршен е преглед на товарното моторно возило при што во истото пронајдена е марихуана“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

    Пронајдената марихуана е предадена за вештачење и утврдено е дека е со вкупна нето тежина од 36 кг.