Запленети парфеми на Табановце
12.12.2014 14:39
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце запленети се 324 тоалетни води и 30 парфеми.

Нецаринетата стока е најдена при контрола на автобус, со македонски регистарски таблички, пријавен за влез во државата. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин се пронајдени во патните торби и во една картонска кутија, сместени во багажниот простор на автобусот.