Пронајдени пиротехнички средства во дом на кумановец
18.12.2021 11:53
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 14 часот го лишиле од слобода С.М.(31) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со над 500 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.