Започна академската година во „Еуро Колеџ“ Куманово
01.10.2025 14:32
| KumanovoNews
Студентите на „Еуро Колеџ“ од Куманово денеска ја започнаа академската година.

На првиот час им се обрати деканот професор д-р Љубиша Петрушевски, кои им посака многу успех на нивните студии.
За учебната 2025/2026 академска година запишани се повеќе од 100 студенти. Уписите траат до средината на октомври. Паралелно течат и уписите и на Лондон Метрополитен Универитетот кад наставата започнува на 20 октомври.
Студентите можат да се запишат на насоката за бизнис администрација на Еуро Колеџ како и на сајбер безбедност, музички бизнис и бизнис администрација по програмата на Лондон Метрополитен Универзитетот.