×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна асфалтирањето и крпење дупки на улиците во Крива Паланка

    15.05.2020 13:20 | KumanovoNews

    Општина Крива Паланка, започна со спроведување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локална патна мрежа во Крива Паланка.

    Започна асфалтирањето и крпење дупки на улиците во Крива Паланка

    Вчера е асфалтирана улицата „Јоаким Крчовски“ со вкупната должина од 500 метри и просечна широчина од 3.5 до 4 метри. Финасиските средства во висина од 2 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка.

    „Со поставување на асфалт на оваа улица ќе се реши еден голем проблем што го чувствуваа нејзините жители, особено по врнежите од дожд и снег“,  соопштуваат од Општината.

    Во наредните денови ќе се изврши и санирање и крепење на ударните дупки на главната и споредните улици во градот.