Започна изградбата на кружниот тек на влезот во градот
04.09.2019 13:14
| KumanovoNews
Започнаа градежните работи на крстосницата на улиците 11 „Октомври“ и „Трета МУБ“, за изградба на кружен тек на влезот на Куманово.
Денеска отпочнавме со изградба на првиот кружен тек во градот. Целта е со модерни сообраќајни решенија да го намалиме сообраќајниот метеж во општината, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Проектот чини 16 милиони денари, а треба да заврши до крајот на годината. Димитриевска најави уште вакви сообраќајни решенија.
Куманово нема ниту еден кружен тек, а неколку раскрсници во градот се сметаат за црни точки во сообраќајот.

