Започна ловењето на кучиња скитници во Куманово
20.06.2014 14:47
| KumanovoNews
Педесетина кучиња скитници се заловени во последниве 15 дена во Куманово, информираат од општина Куманово.
Ветеринарите ги згрижуваат кучињата во стационарот во Четирце каде добиваат соодветен третман.
- Тие се во стационар во село Четирце каде имаат овластен ветеринар. Ги чуваат 30 дена и потоа по проценка на докторот по ветерина или ќе бидат пуштени или ќе бидат еутанизирани, а дел од тие кучиња се нудат и за вдомување. Акциите за заловување ќе продолжат се до исцрпување на средстава кои се предвидени за една година од Советот на општина Куманово - вели Гордан Таневски, комунален редар во општина Куманово.
За оваа намена од општинскиот буџет се одвоени 600.000 денари.

