×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна санацијата на „Искрин мост“ во Куманово

    28.07.2020 08:38 | KumanovoNews

    Започната е санацијата на т.н „Искрин мост“ на реката Пчиња, на магистралниот пат Куманово-Свети Николе, кој се смета за еден од најдолгите мостови во државата, со должина од 355.50 м.  Во моментот се работи на санација на столбовите, а приспапот до него е преку селото Шупљи Камен.

    Започна санацијата на „Искрин мост“ во Куманово

    Како што соопштуваат од Министерството за транспорт и врски за Кумановоњус, санацијата е отпочната на 1 јуни, а ќе трае 24 месеци. Изведувач на работите е фирмата СИНТЕК-ИНЖИНЕРИНГ-СКОПЈЕ, а за негова реконструкција  Јавното претпријатие за државни патишта има одделено 117.462.949,00 денари.

    „Моментално се работи на санација на столбовите и пристапот е преку селото Шупљи Камен до долната страна на мостот. Времен режим на сообраќај на регионалниот пат Р1204 ќе има кога ќе се работи на горниот спој на мостот (коловозот) и истото зависи од динамиката на изведување на работите“, велат од претпријатието.

    Во горниот строј на мостот предвидено е зајакнување на главните и попречните челични носачи, зајакнување на постоечката армирано бетонска коловозна плоча, изведба на нова хидроизолација, изведба на нов асфалтен слој, изведба на нови тротоари, изведба на нови дилатации и поставување на нова еластична ограда по ЕН–стандарди со што ќе се заокружи комплетната санација на мостот

    Регионалниот пат Р1204, го поврзува Куманово со градот Свети Николе и служи како алтернативен пат на автопатот Миладиновци–Свети Николе. Со оглед на лошата состојба на мостот се утврди потребата од негова санација.

    (Ф.Марковска)