Започна учебната година за над 14.000 ученици во Куманово
01.09.2022 13:54
| Сузана Николиќ
Во кумановските училишта денеска започна наставата за 14.251 ученик во новата учебна 2022/2023 година. Според информацијата од Секторот за образование на Општина Куманово, во сите основни и средни училишта наставата стратуваше со физичко присуство и без проблеми.

„Во вкупно 21 училиште колку има на територијата на општината, во основно образование имаме 10.029 ученика и 4.222 во средно образование. Во прва година средно запишани се 1079 ученика, а во прво одделение 1023“, велат од Секторот за образование.