×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнува реконструкцијата на патниот правец Војник - Страцин

    24.05.2020 16:12 | KumanovoNews

     Од утре ќе започне реконструкцијата на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на потегот од селото Војник од Страцин. Станува збор за делница долга 16,6 километри, а за нејзината изградба издвоени се над 7,1 милиони евра. Реконструкцијата ќе трае до 6 до 9 месеци.

    Започнува реконструкцијата на патниот правец Војник - Страцин

    Јавното претпријатие за државни патишта во февруари потпиша договорот за втората фаза од рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин.

    „Рехабилитацијата на коловозот на делницата од Куманово до Страцин е дел од неколкуте проекти, кои во моментов ги реализираме во функција на модернизација на патното поврзување со Бугарија. На овој дел од Коридорот 8, пролетниве месеци треба да заврши обновата на постојниот пат меѓу Ранковце и Крива Паланка, во должина од 21 километар. Во наредниот период паралелно ќе се работи на делниците Куманово – Страцин и Крива Паланка – Деве Баир, со што меѓу Куманово и Деве Баир ќе може во целост да се вози по обновен пат веќе на почетокот од 2022 година“, - информираа тогаш од јавното претпријатие.

    Поради градежните активности од утре ќе се промени режимот на сообраќај на ова делница.

    „Виадукт трејд“ известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од државниот пат А2 – потег од Бензинската станица „Виена Петрол„- Куманово до с. Страцин, во должина од 16 км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од шест до девет месеци, - соопштуваат од АМСМ.