Заталкан куршум паднал во продавница за бела техника во Куманово
16.09.2022 16:13
| Сузана Николиќ
Вработена во продавница за бела техника на ул.„11 Октомври“ во Куманово, звчера околу 19 часот пријавила дека зрно од огнено оружје го пробило кровот и паднало во продавницата.

Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.